Дизајнерите на накит од златарата “Spritzer and Furman” направиле прстен наменет за разведените лица. Прстенот за разведени бил направен од 18 каратно злато и имал пет дијаманти.


Направен бил во облик на скршено срце и чинел 3200 долари. Во денешно време кога има се повеќе разводи, па и посебни церемонии и прослави за прекинувањето на браковите, воопшто не чуди појавата на ваков вид накит.