Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи со Ковид-19, од кои еден во Охрид. Најмногу нови случаи има во Скопје-95, по што следат: Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.
Починати се 32 пациенти од кои 12 од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82 г.), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден од Неготино (55г). Од нив, двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1597, а во моментов активни се 618.
OhridNews