Најниска температура од 5 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Лазарополе со 6 степени, 7 во Крушево, 8 Маврови Анови, 9 Берово, Претор, 10 Крива Паланка, Охрид, 11 Прилеп, Виница, Битола, Тетово, 12 Скопје-Зајчев Рид Кавадарци, Штип, Струмица, Куманово, Велес, Дојран, 13 Скопје-Петровец и 14 степени во Демир Капија и Гевгелија.

Најмногу наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 08 часот има во Крушево- 17 л/м2, потоа 10 во Скопје кај Петровец и во Битола, 9 во Прилеп, 7 Крива Паланка, Пожаране, 6 Кавадарци, Куманово, 5 Велес, Берово, Лазарополе, Попова Шапка, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 3 Охрид, Пожар, 2 Дојран, Тополчани, Маврови Анови, Претор и 1 л/м2 во Штип, Демир Капија и во Гевгелија.

Количините на врнежи, се наведува, се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.

OhridNews