Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало во Дебар, Охрид, Маврови Анови и Крушево.
Во Дебар наврнале 23 литри дожд на метар квадратен, во Охрид 21, во Крушево 15,9 додека во Маврови Анови 15,3.
Најниска минимална температура измерена е во Крушево 8°C, а највисока во Гевгелија и Дојран 14°C. Во Охрид утрово беа измерени 12 степени.
OhridNews