Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Претор со 22 литри на квадратен метар, во Охрид 17, во Тополчани 14, во Лазарополе и Прилеп 12, во Крушево 11, во Битола 10, во Штип седум, во Виница шест, во Дебар и во Маврови Анови пет литри на квадратен метар. Најмалку дожд наврна во Скопје-Петровец, Кавадарци, Велес и Пожаране, само еден литар на квадратен метар.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено утрово е на Попова Шапка, пет степени, а најтопло во Демир Капија и Гевгелија, 15 степени. Во Охрид утринава измерени се 11 степени.

OhridNews