Неговиот епицентар се наоѓал на околу 90 километри од Скопје и потекнува од демиркапиското епицентрално подрачје. Земјотресот, покрај во градот Демир Капија, е почувствуван и во околните населени места.
Земјотрес со интензитет од 3 степени, според Европската макросеизмичка скала бил почувствуван и во Штип и околината.
Како што е соопштено од Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 65 километри југоисточно од главниот град. Овој земјотрес потекнува од штипското епицентрално подрачје, а покрај Штип, бил почувствуван и во околните населени места.
извор: Makfaks