Основното училиште “Свети Климент Охридски” од Охрид денеска доби парична донација во висина од 5 илјади евра наменета за децата со посебни потреби кои го посетуваат училиштето.

Доцна попладнево, донацијата ја донесоа иницијаторите, Холанѓанецот Фас Аловс и Македонецот Константин Петковски.


Холандска донација на велосипеди

” Првичната идеја се  роди уште во текот на минатата година. Проектот беше одлично изработен и наиде на голем одзив во Холандија, така што средства донираа, поединци, мои роднини, пријатели и колеги, па дури и непознати луѓе, но и бројни организации”, изјави Фас Аловс.


Фас Аловс

Петте илјади евра ќе бидат наменети за обезбедување специјални помагала, за набавување компјутерска опрема, а со дел од нив ќе биде изградена и посебна просторија за родителите чии деца престојуваат во специјалните паралелки во училиштето.


1500 километри на две тркала

” Средствата дојдоа во вистинско време, а сигурно дека донации за нашето училиште ќе има и натаму, зашто следува уште еден проект со кој ќе ги осовремениме нашите училници”, рече Лилја Стиловска, дефектолог во основното училиште “Свети Климент Охридски”.


5000 евра за децата со посебни потреби во ОУ „Св. Климент Охридски“

За да ја донесат донацијата во Охрид, Аловс и Петковски поминаа околу 1 500 километри со велосипеди.  За Аловс, ова е еден од многубројните негови велосипедски подвизи низ светот. Петковски, кој што е оженет со сестрата на Аловс, во својот роден крај доаѓа првпат со велоспед, но како што рече денеска во Охрид, оваа велосипедска рута, секако дека нема да му биде последна.  

                    Александра Ристоска