Иаку се чини како обичен геолошки пронајдок, 1.4 килограми тешкиот црвено-бел фосил понуден на аукција во Њујорк, всушност е парче измет од диносаурус.

Аукциската куќа Бохамс го понудила на подажба заедно со предмети како што се 30.000 години стар заб од мамут, череп од голем дабар и костур од руска пештерска мечка.


Фосилот од измет однадвор наликува на стена, а внатре на обоен минерал. Стар е преку 130 милиони години, а се очекува дека ќе достигне цена од 350 до 450 долари.

Аукциската куќа продава предмети стари и по 450 милиони години, а највреден е метеоритот Фуканг кој е тежок скоро еден тон. Во Бохамс очекуваат вкупен промет од 2.25 милиони долари.