Во Собранието денеска седница треба да одржи Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, по скратена постапка.
Како што претходно соопштија од владината прес служба, со овие измени со кои најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата не може да биде помала од 18.000 денари, во законска рамка се ставени и донесените измени за редовно годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, како и критериумот според кој висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика.
OhridNews