Ова се само мал дел од законските измени во законот за учебникарство што ги соопшти Министерот за образование и наука, Никола Тодоров.
Министерството за образование и наука до Владата на Република Македонија ќе предложи законски измени за законот за учебниците во основното и средното образование.
„Ќе се овозможи Националната комисија за учебници на своите седници задолжително да расправа за рецензиите на учебниците и истите да ги прифаќа или отфрла и да може да го распушти рецензентскиот тим и веднаш да формира тим за супер рецензија“ рече Министерот Тодоров.
На овој чекор министерството се реши по сериозните пропусти воочени во учебниците за основно образование, поради што на само десетина дена до стартот на новата школска година ќе биде исвршена ревизија врз сите учебници. Министерството не соопшти кога ученците ќе ги добијат учебниците и дали новата школска година ќе почне навреме.