По барање од селекторот на тимот до 21 година, Мирсад Јонуз  комесарот за натпревари во ФФМ направи рокада во натпреварувачкиот календар.

Заменети се термините за идниот фудбалски викенд  кога треба да се игра 22. првенствено коло во Првата и во Втората лига. Прволигашите последното коло од вториот круг по што ќе биде утврден редоследот за распоредот во третиот круг, наместо в недела комплетното коло ќе го играат еден ден порано, в сабота, за кога се поместени второлигашките пресметки.

Ваквото поместување за второлигашите е добредојдено, бидејќи утре на програмта е вондредно коло, а ФК Охрид гостува кај Тетекс.


момент до подготовките на У-21 во Охрид

Репрезентација на Македонија до 21 година, во Куманово, на 26 март игра квалификациски натпревар за ЕП 2009, против Швајцарија.

За да добие еден ден повеќе за подготовки пред квалификацискиот дуел, селекторот Јонуз побара измена во календарот за натпревари, што комесарот за натпревари во ФФМ ја прифати. Поголемиот дел од репрезентативците.