Подрачната единица на Министерството за правда – Охрид, информира дека се направени измени на местата за гласање во 5 изборни места во Охрид:

–  Избирачкото место  1250 кое се наоѓаше во зградата на Сојузот на борци сега се наоѓа во зградата Капетанија,

–  Избирачкото место  1254 – Електро Охрид е преместено во објектот на Ј.П. „ОхридскиКомуналец“ во градскиот пазар.

–  Избирачкото место  1261 – „Бетон“ е преместено во Ј.П. за стопанисување со станбен и деловен простор

Избирачкото место1299 – Печатница „Коста Абраш“ е преместено во приватна куќа во непосредна близина на печатницата

–  Избирачкото место  1308 – М.З. Воска е преместено во амбулантата Воска.

Од подрачната единица на министертсвото за правда информираат дека новите избирачки места ќе бидат соодветно обележани со цел граѓаните полесно да можат да ги најдат.

Ohridnews