Поради градежните активности кои се изведуваат на локалниот пат од село Долно Лакочереј кон село Горно Лакочереј, Општина Охрид со известување за изменет возен ред на општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид од утре, 5 февруари.

Во периодот од 08:00 – 16:00 часот, автобусите нема да сообраќаат до Горно Лакочереј и истите ќе сообраќаат само до училиштето во Долно Лакочереј. Во останатиот период од денот автобусите на наведената релација ќе сообраќаат согласно постојниот возен ред, посочуваат.

OhridNews