На делницата од автопатот во изградба Песочани-Требеништа, на км.2+300 до км. 2+920 (во близина на село Ботун), почнувајќи од 23.10.2023 година, понеделник, ќе се изврши времена измена на сообраќајот, односно пренасочување на сообраќајот со воведување на една девијација, информира Синохидро Корпорејшн Лимитед“-Пекинг, Подружница Скопје, со седиште во село Извор, Кичево.

Во текот на траењето на наведените градежни работи, ќе се преземат потребни мерки за обезбедување на непречен и безбеден сообраќај и поставување на соодветни сообраќајни знаци. По завршување на градежните работи, сообраќајот ќе биде повторно вратен во првобитната сообраќајна ситуација, соопшти изведувачот на работите.

Од Синохидро уште апелираат за намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост на сите учесници во сообраќајот.

Г.М.