Во Одделението за внатрешни работи во Струга, во 14 часот и 30 минути вчера В.К. од Струга пријавил дека две непознати лица со измама за сума од двеста евра му продале обична белегзија, за која му кажале дека е од злато.
По кажување на оштетениот, „продавачите“ биле со патничко моторно возило непозната марка, црвена боја, со странски регистерски ознаки, паркирано на ул.„Елпида Караманди“ бб.
ОВР-Струга превзема мерки за пронаоѓање на сторителите кои се сомничат за кривично дело „измама“.
ohridnews