На 21.02.2024 во 11.20 часот во СВР Охрид, 52 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 евра.

Според пријавеното, во септември 2023 година на веб страна таа забележала објава во која се нуди работа во странска земја и стапила во контакт со лицето, кое и ветило работа во хотел и притоа ѝ ги побарало парите за уплата за работна дозвола, годишно осигурување, дополнително осигурување за подолг период, депозит за стан и сл. Како што е пријавено, таа ги уплатила парите, по што стапила во контакт со хотелот од каде што била известена дека нивната интернет страна била хакирана, по што сфатила дека е измамена, информираат од СВР Охрид.

Додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Уште еден случај на измама е пријавен на 21.02.2024 во 16,20 часот во СВР Охрид од страна на 62 – годишна жена од Охрид.

Жената била измамена од едно лице за сума од 14.000 денари. Според пријавеното, околу 13.30 часот во нејзниот дом дошло лицето и ѝ понудило огревни дрва, а откако се договориле таа му ги дала парите, по што лицето заминало. Како што е пријавено, до пријавувањето лицето не ги донело дрвата и не ги вратило парите, по што таа се посомневала дека е измамена, велат од СВР Охрид.

И во овој случај се преземаат мерки за расчистување на истиот.

OhridNews