Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето Ј.М. (51) од Охрид, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сторил едно кривично дело „Фалсификување исправа“

Пријавениот, на ден 14.11.2008 година, на шалтер во Охридска банка се обидел да наплати 38.000 американски долари со фалсификуван чек издаден од Канадската фирма а сопственост на  Канадската Ројал банка.

Ј.М. често на својата e-mail адреса на интернет, примал пораки од повеќе лотарии од Кина, Нигерија и Канада дека е можен добитник на парична награда. На еден таков е-маил добиен од Канада, пријавениот  позитивно одговорил односно се согласил со условите што му биле поставени и ги испратил своите лични податоци и точна адреса.  Набрзо потоа, преку пошта добил банкарски чек од 38.000 долари.

На ден 17.11.2008 година, чекот од страна на Охридска банка, бил доставен за наплата до Ројал банка во Канада. По неколку дена истиот бил вратен со забелешка дека се работи за невалиден односно  фалсификуван банкарски чек кој не може да се наплати.

ohridnews