Пиштолот со кој Гаврило Принцип во Сараево на 28 јуни 1914 година го уби престолонаследникот Фрањо Фердинанд и го поведе светот во Првата светска војна, од денес за прв пат ќе биде изложен пред британската јавност во воениот музеј во Лондон.
Во кралскиот воен музеј ќе биде изложен белгискиот пиштол „Browning“, модел од 1910 година и граната од домашна изработка. Тоа се доказите кои ги собрала полицијата после атентатот кој го извршил Принцип.
Последиците од куршумот кој бил испукан од малиот црн пиштол ги чинеа живот не само Фрањо Фердинанд и неговата сопруга, туку и милиони луѓе низ цела Европа.