Вечерва во Центарот за култура со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата насловена како “ Железен свет” од авторот Трајко Дурчовски.

Станува збор за изложба на слики и скулптури изработени од железо во комбинација со дрво.

– Инспирацијата за изработка на моите дела ја наоѓам насекаде, од она што ме опкружува и она што е во мене. Најчесто се тоа фигури на животни, цветови, луѓе, но и она што ме мачи или се наоѓа во мојата фантазија, вели Дурчовски кој е единствениот во регионот и пошироко кој се занимава со ваков вид на уметност.

Неговите дела до сега се изложувани во повеќе градови низ земјава. Железните скулптури имале можност да ги видат голем број љубителите на уметноста во Охрид, Битола, Штип, Елшани.

Ohridnews