Изложба на дела „Роберт Музил и Првата светска војна“ организира денеска фестивалот „Охридско лето“ во соработка со Дирекцијата за култура на Владата на Горна Австрија и Австриската амбасада во Скопје.

 

Австриецот Роберт Музил еднаш беше опишан како најзначаен, а воедно и најмалку познат писател на 20-тиот век од германското говорно подрачје. Во август 1914 год. ја презеде неговата воена обврска во Горна Австрија, каде што поминал и дел од неговото детство. Горна Австрија за него била како татковина, но исто така била и порта за радикалните искуства во Првата светска војна. Следејќи ја оваа трага, изложбата објаснува колку многу „катастрофата на Европа“ го формираше делото на Музил.

Изложбата првобитно беше продуцирана од литературната куќа „Минхен“, а кустоси беа Рајнхард Витман и Каролина Кин.Потоа беше адаптирана од Адалберт Штифтер Хаус, а кустос беше Александер Веран, и во оваа форма беше презентирана во Линц 2015/2016 год.

Проектот е финансиран од Дирекцијата за култура на покраината Горна Австрија. Изложбата ќе биде преведена на македонски јазик и проширена со еден општ портрет на Роберт Музил. Координацијата, од македонска страна, ја има Почесниот конзул на Република Австрија, д-р Валентина Илиева, а од австриска страна ја има м-р Кристоф Х. Бенедиктер, по налог на Дирекцијата за култура на покраината Горна Австрија. Исто така, овој проет е поддржан и од Дирекцијата за култура на покраината Горна Австрија под раководство на директорот м-р Рајнхолд Кретер.

Изложбата што се состои од аудио и видео-станици за слушање, како и голем број дела изложени на панели, ќе биде отворена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 11 часот.

OhridNews