Денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата „Полукружење“ на уметничката група МОМИ од Скопје.

Изложбата е во организација на Центарот за културен проток „Артерија“ од Охрид, а почетокот е закажан за 20:30 часот.

Инаку, во уметничката група МОМИ членуваат: Марија Сотировска, Христина Зафировска, Татјана Ристовска, Ана Ивановска, Зорица Зафировска, Маја Кировска и Кристина Хаџиева.

OhridNews