– Сакавме да покажеме дека иконописот како уметничка категорија сеуште не е заборавен. Трае 2. 000 години, период во кој се опфатени безброј турбуленции- од преголемео почитување на иконите, до нивно уништување, истакна пред присутните кустосот Никола Николоски.
Изложбата опфаќа 23 икони изработени од страна на дванаесет автори.
– Ова е прва изложба на новите охридски иконописци во Охрид и пошироко. Се надевам дека малку подзаборавената средновековна уметност, токму во Охрид ќе блесне со полн сјај, потенцира Николоски.
Изложбата е во организација на Националната установа Завод и музеј- Охрид.