Жарко Башески роден е во Прилеп 1957 година. Факултетот за ликовни уметности во Скопје го завршил во 1988 година. Постдипломските студии ги завршил во истата институција во 1998 година. Член е на ДЛУМ од 1988 година. Од 1989 година работи на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а во 2010 е избран за редовен професор на Катедрата за вајарство на истиот факултет.
Автор е на неколку самостојни, но учествувал и на многубројни групни изложби и креирал јавни скулптури и споменици како што се: Коњаничка скулптура на Даме Груев, бронза, плоштад Македонија- Скопје, Коњаничка скулптура на Гоце Делчев, бронза, плоштад Македонија- Скопје, Споменик на Св. Кирил иМетодиј, бронза, Камени мост- Скопје и други.
Добитник е на бројни награди, како што се Изведбена награда на конкурс за споменик на Св. Кирил и Методиј и Изведбена награда на меѓународен конкурс за коњанички скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев, плоштад Македонија, Скопје.