Центар за култура „Григор Прличев“

Од 15.10.2018 - 00:30 до 20.10.2018 - 21:00

Во понеделни, 15 октомври, од 12: 30 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложбата со наслов „Изгубениот свет на сефардските Евреи од западниот Балкан“. Изложбата е ретка можност јавноста одблиску да се запознае со животот и судбината на Евреите на Балканот.

Со распадот на Отоманската Империја во 18 и 19 век, еврејските заедници станувале се посиромашни, а најголемиот дел од еврејското население на Балканот едвај преживувало. Со почетокот на дваесеттиот век, Евреите од Западниот Балкан земаат активно учество во ослободителните движења на земјите во кои живееле. По создавањето на Кралството Југославија во 1918 година, Евреите ги зацврстија и обединија своите заедници со надеж за подобра иднина, која никогаш не ја дочекаа.

За прв пат оваа изложба во Македонија беше отворена во Скопје на 25 јануари годинава во Министерството за надворешни работи, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите на холокаустот.

Изложбата е заеднички проект на Центропа и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и таа го отсликува 20-тиот век прикажан преку пет интервјуа на Центропа направени со Евреи од западниот Балкан, кои го преживеале холокаустот. Изложбата е на македонски јазик, но е пропратена со брошура на англиски и албански јазик.

OhridNews