Денеска во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи групната изложба „Бели мугри“, со дела на повеќе уметници од земјава.
Изложбата е инспирана од животот и делото на поетот Коста Солев Рацин, а Стружани ќе имаат можност во да се запознаат со творештвата на Александар Јанкулоски, Стефан Хаџи Николов, Жанета Спироска Радеска, Влахо Бранѓолица, Росица Лазеска, Мирчо Матевски Рисимкин, Верина Николова, Емил Шулајковски, Живка Коцева Караџовска, Бојана Грујовска, Илина Арсова, Стефан Јакимовски, Маја Николовска, Мелка Николовска, Дубравко Наумов, Зорица Зафировска, Христина Зафировска, Тони Шулајковски, Радосав Марковиќ и Евгениј Пантев.
Изложбата ќе биде отворена од 12 часот, а како организатор се јавува струшкиот Центар за култура и Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје.
OhridNews