Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и општината Охрид денеска во седиштето на НАТО во Брисел e отворена изложба за Охрид.

Изложбата претставува извонредна можност за презентација и промоција на културните и историски вредности на Охрид, но и на неговите природни убавини, во пресрет на Безбедносниот форум на ЕАПС, што на 28 и 29 јуни ќе се одржи во Охрид.

Изложбата ја отворија министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и градоначалникот Александар Петрески, кој од вчера се наоѓа во посета на Белгија

На изложбата ќе бидат презентирани вредни артефакти кои датираат од древната антика,  копии од најпознатите македонски икони, монети од различни периоди, предмети од охридски занаетчии, постери од Охрид, а ќе биде проектиран  и соодветен видео материјал за културно-историското наследство на охридскиот регион.

Г.М.