Меѓународниот музеј за шпиунажа во Вашингтон отворил нова изложба по повод 50 години од филмовите за Џејмс Бонд, посветена на негативците на познатите филмови. Изложбата содржела повеќе од 100 експонати, меѓу кои и зелениот Јагуар XKR кој го возел главниот противник на агентот во филмот „Умри друг ден“ од 2002 година.
Исто така биле изложени и оловните заби од лошиот џин од „Операција вселена“ и „Шпиунот кој ме сакаше“. Првиот филм за Џејмс Бонд, „Доктор Но“, со Шон Конери бил прикажан во 1962 година. Изложбата ќе биде отворена во наредните две години.