Во центар за култура “Григор Прличев” во Охрид, денеска (вторник), ќе биде отворена изложба по повод 145 години Бугарска академија на науките.
Организатори на изложбата се НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, Бугарската академија на науките и Културно информативен Центар на Р. Бугарија во Р. Македонија.
Изложбата ќе се одржи во галеријата при Центарот за култура со почеток во 19 часот.
OhridNews