По повод годишнината од смртта на македонскиот фотограф Атанас Талевски (1954 – 2008) на 27 јуни 2009 година во охридското село Елшани ќе биде отворена изложба на фотографии од прерано починатиот уметник.


Во тремот на црквата „Св. пр. Илија“ ќе бидат изложени дел од фотографиите со кои Талевски го обиколи светот. За животот и делото на авторот ќе зборува неговиот долгогодишен соработник Мишо Јузмески. Отворањето на изложбата е закажано за 18. 00 часот.

Ohridnews