Ретроспективна изложба на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања” во четврток во 18.30 часот, ќе биде отворена во просториите на Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија.

Ликовната колонија која од 2010 година се одржува секоја година во Вевчани, освен ликовни уметници од Македонија, домаќин е и на еминентни уметници од Бугарија, Русија, Србија, Црна Гора, Украина, Полска и Албанија.

На изложбата ќе бидат претставени дела на учесниците на Колонијата,  Трајче Јанчевски, Илија Кавкалески, Стеван Попоски, Павле Кузманоски, Таки Павловски, Глигор Чемерски, Доне Миљановски, Ставре Димитров – Стадим, Данчо Ордев, Ниче Василев, Петар Попчев, Владимир Темков, Јулијана Гешоска, Решат Амети, Емил Шулајковски,Оливера Велкова, Војдан Запров и Александар Филев од Република Македонија, како и Рајко Тодоровиќ – Тодор и Ана Лаковиќ од Црна Гора, Живка Маринова, Марија Георгиева – Чакарова, Петер Белиашки и Милослав Бонов – Мибо од Република Бугарија  и Ана Богданова и Ана Ферваљова  од Русија.

Изложбата ќе ја отворат, академик Глигор Чемерски, доајенот на македонското новинарство Мишо Китановски и директорот на Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија, Васко Шутаров.

OhridNews
Makfaks