По повод годинешната тема на Зелената недела на Европската Унија , „Природата- наше здравје, наше богатство“, општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ, Националниот парк „ Галичица“ и Нуркачки клуб „ Амфора“ организираат изложба на фотографии за биодиверзитетот на Национален парк „Галичица“ и Охридското Езеро. Изложбата ќе се одржи од 24 до 26 јуни од 10 до 20 часот на Малиот плоштад во Охрид.
Целта на одржувањето на настанот е подобра промоција на биодиверзитетот на Охридското Езеро и планината Галичица, потребата од неговата заштита, развивање на чувството за одговорност кон природното богатство, потенцираат од локалната самоуправа.
OhridNews