Во петок 5 јули, во 20 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата Антологија 4.
Оваа четврта едиција на изложбата Антологија е посветена на наивното сликарство и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во НУ.Завод и Музеј -Охрид.
На изложбата ќе бидат претставени дела од : Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски.
Изложбата е подржана од Министерство за култура, а куратор е м-р Сашо Блажески.
OhridNews