По повод 45 годишнина од творештвото на академскиот сликар Славко Упевче, вечерва, во 20 часот, во Куќата на Уранија во Охрид ќе биде отворена изложбата “Исчезнатиот Охрид“.

Изложбата е во организација на МАНУ и охридскиот книжевен и научен центар „Уранија“, а ќе ја отвори академик Васко Ташковски.

Уметничките дела на Славко Упевче во Куќата на Уранија ќе бидат изложени до 25 јули.

OhridNews