По повод 10 години уметност и планинарење, на 4-ти мајј, среда, во галеријата Ко-Ра, карши гимназија Јосип Броз во Скопје во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Патеписи“, 4 Мај (среда) на Илина Арсова.

Изложбата се состои од фотографии, скици и дневници водени во екстремни услови за време на искачувањето на највисоките планински врвови, како и видео презентација од последното искачување на врвот Мера 6476м, со скии. Изложбата се реализира во соработка со Scout Outdoor Shop и Алкалоид Скопје. 

Илина Арсова повеќе години живее и твори во Охрид.

OhridNews