Во рамки на фестивалот Охридско лето, вечерва во 20 часот во Центарот за култура, ќе биде отворена изложбата „Нови сведоци на холокаустот“.

Изложбата преставува различни пристапи, доживувања и толкувања на една од најголемите човечки трагедии.

Во спомен на сите настрадани, а со намера да се зачува од заборав трагичната судбина на еден народ, да се прикаже страдањето на другите што може да биде и наше, но и да се разбере една речиси загубена култура и традиција на ова поднебје, учесниците на колонијата и изложба „Нови сведоци на холокаустот“ со своите творби даваат свои придонес кон разбирањето, соживот, пријателство, толеранција…
 
На оваа изложба активно учествуваат петнаесетина уметници: Сара Ајник од Израел (идејниот творец на проектот), Бурхан Амети, Нехат Беќири, Атанас Ботев, Ненад Ѓорѓевиќ, Христина Зафировска, Верим Зендели, Татјана Манева, Никола Пијанманов, Наташа Божарова – Пијанманова, Маријета Сидовски, Анета Ивановска – Симјановска, Тања Таневска, Денис Танев и Орхан Ќамилов, сите од Македонија.
         
Проектот „ Нови Сведоци на Холокаустот “ е реализиран во соработка со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и меморијалниот центар „ Јад Вашем “ во Ерусалим.

OhridNews