И годинава на конкурсот пристигнаа голрм број убаво украсени јајца, а изборот на победниците заеднички го направија учениците, наставниот кадар и раководството на училиштето.
Доделени беа две први, две втори и две трети награди.
ПРВА НАГРАДА:
-Група ученици од II и IV одделение:( Оливер Стојаноски, Симона Трбеска, Климент Најдески,Стефан Ицоски, Наташа Ѓорѓиевска);
-Марко Јованоски V одделение и Боби Најдески VI одделение;
ВТОРА НАГРАДА:
-Христина Велјаноска V одделение, Моника Л. Ангелоска VI одделние
ТРЕТА НАГРАДА:
-Ангела Мојсоска VI одделение,
-Мартина Димоска VII одделение и Јована Ристеска VI одделение.
На наградените им беа доделени вредни ЦД-а со македонско црковно средновековно пеење, како и музика со обредни божикни и велигденски песни. Изложбата ќе биде отворена до 16 април, кога во училиштето се организира уште една манифестација, музичкиот натпревар “МОЈ ТАЛЕНТ”.