Утре на 3-ти јуни 2014 година во изложбениот салон во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид, со почеток во 12 часот, ќе биде отворена изложба на на уметнички накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ, а ќе се одржи и промоција на нејзината книга „Љубовта во седмо-три“.
Соња Драгољуб-Ѓиздавиќ е писател за деца, а на јавноста и е позната по нејзините модни ревии „Мирисот на жената“ и „Мирисот на носталгијата“ во 2000 година, каде што за прв пат креациите ги носеа познати жени од културата и јавниот живот.
OhridNews