Во Спомен куќата на Христо Узунов, денеска, ќе биде отворена самостојна изложба насловена „Инскрипции ,жена во простор“ на турскиот уметник Мустафа Чеват Атал.
Изложбата е во организација на Завод и Музеј -Охрид.
Мустафа Чеват Атал е роден во Караман Турција. Дипломира на Универзитетот „Селџук“ ,докторира на „Гази Универзитетот“, а од 2013 година работи како лектор на „Намик Кемал“ Универзитетот во Текирдаг, Турција.
Зад себе има шест самостојни изложби и голем број групни изложби. „Инскрипции, жена во простор“ е најновиот циклус слики со кој авторот ќе се представи пред охридската публика.
Изложбата на турскиот уметник Мустафа Чеват Атал ќе биде отворена до 16-ти септември.
OhridNews