Во петок на 9-ти октомври 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложбата „МАСЛА СКУПЛТУРИ И ЦРТЕЖИ” од авторот Томе Бундовски од Скопје. Изложбата ќе се одржи во галеријата на центарот со почеток во 19 часот.
Бундовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на Петар Хаџи – Бошков, а специјализирал во Рим и во Фиренца, на Академијата „Беле арте“ кај скулпторот Бруно Либераторе. Престојувал во повеќе европски земји, како Италија, Австрија, Германија, Франција и Холандија. Има реализирано повеќе од триесеттина самостојни изложби на скулптури и слики во Македонија и во Европа, а учествувал на повеќе ликовни колонии.
Добитник е на наградите на Друштвото на ликовни уметници „Димо Тодоровски“ и „Јордан Грабул“, како и на наградата за животно дело на симпозиумот во Прилеп за монументална парковска скулптура.
OhridNews