Во просториите на Црвен Крст Охрид денеска беше оддржана изложба на слики на тема “Галичица во есен“   организирана од страна на Еколошкото друштво “Јагода“ од с.Лескоец  во соработка со ОУ “Ванчо Николески“ од Лескоец и другите основни училишта од градот. 


Со соодветни награди за вложениот труд беа наградени еколошките секции  на училиштата “Ванчо Николески“ – Лескоец, “Св.Наум Охридски“ – Пештани и  “Св.Климент Охридски“ – Охрид. Беа  наградени и авторите на најдобрите три фотографии од страна на тричлено стручно жири , а директорот на ЈУНП Галичица додели специјлна награда ДВД плеер за еколошката секција при ОУ“ Ванчо Николески“ за посебно вложениот труд за оваа изложба.


Изложбата беше организирана во рамките на активностите за одбележување на  50 години Национален Парк Галичица ,кои продолжуваат утре всо промоцијата на веб страната на паркот и серија нови проспекти за природното и културното наследство на НП Галичица.

Ohridnews