Во петок, 30-ти мај, во галеријата при Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата на слики „Angels, animals and humans“, на Стефанија Петровска.

Во критиката на Миодраг Мишко Петровиќ, за уметникот Петровска се вели дека поседува огромна енергија, која преку творењето ќе и помогне да на своите слики го усклади својот ментален свет и бурен темперамент.

„Како продукт на игра, размислување, усвојување на изненадно надојдени решенија, во својата “ментална кујна”, Стефанија започнува од, условно речено , потполно белило, до слики/колажи кои се преполни со боја, топло сонце, небесно синило и безброј наоколу ситни детали, кои совршено ја заокружуваат композицијата и допринесуваат за нејзината разиграност.“ – се вели во дел од критиката.

Инаку, изложбата ќе биде отворена од 20 часот.

OhridNews