Во рамки на неделата на чествувањето на Св. Климент Охридски- летен, вечерва во куќата Робевци со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата на уметнички дела чиј автор е сопругата на градоначалникот на турскиот град Јалова со кој неодамна се збратими нашиот град.

Половина час подоцна, во 20 часот и 30 минути, во дворот на гимназијата Св. Климент Охридски, на матурантите од генерацијата 2009- 2010 година, ќе им бидат доделени дипломи.

Ohridnews