Во периодот од 15 до 22 август во рамките на 50-то јубилејно издание на Фестивалот „Охридско лето“ ќе биде поставен ликовниот проект „Мојот универзум“ на дипломираниот ликовен графичар Софија Семенпеева.


„Пловејки низ животната патека, спознавајки ја вистинската емоција, распната помеѓу доброто и лошото, допрев до сопствениот универзум. Во него си ТИ, ТОЈ, ТАА… Универзум во кој секое ново доаѓање на сонцето е невиност, безброј форми, сјај … творечки копнеж. Универзум кој се претвора во боја, линија која тече и пулсира. Вознемиреност и утеха на вистинска човечка емоција, мирисот што ја бранува човечката внатрешност, топлина и студ… предизвикани од тело наречено човек, ИНТУИЦИЈА… беа и се мој непогрешлив водич во универзумот во кој секој може да ја пронајде и да ужива во сопствената приказна, вели авторката.


Изложбата ќе биде отворена за сите заинтересирани посетители и љубители на уметноста.

Свеченото отворање на изложбата „Мојот универзум“ќе се одржи на 15 август (недела) со почеток во 19:30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

OhridNews