Вечерва од 19 часот во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, академскиот сликар Славко Упевче ќе ја отвори изложбата на сликарот Коста Батев.

М-р Ирина Симоновска Батев, за уметникот вели дека во дескриптивното сликарско искуство, се насетува намерата за дирекна комуникација на човекот со човек.

Отворената двосмисленост во кој тој се движи и живее се огледа во грубата и наметлива дводимензионалност на сликата, снажно нанесените бои и нивниот  нападен интензитет . За него божествениот импулс  e исто што и кадрираниот фрагмент од реалноста. Уметничкиот чин е изедначен со предметот кој на површината се исполнува во деформација(како кај германските експресионисти).“ – вели Симоновска Батев.

Текот на времето се огледа во вибрантната и вознемирувачка површина на ликовите, но и на делумната фигурација и нивниот крајно егзистенционален карактер, а како парадокс  се појавуваат и популистички речиси „допадливо“ мачни моменти. Буквално секој сликарски елемент,  во целината, прави ефемерна разменa ,се движи по своја насока, исполнета во еден Free Stile.“ – пишува Симоноска Батев.

Костадин Батев е роден 1979 г. во Струмица. Средно учулиште завршил во УПУ „Лазар Личеновски“ – Скопје во 1997 г, а во 2004-та година дипломира на ФЛУ, отсек сликарство со графички дизајн во класата на проф. Вело Ташовски.  Член на ДЛУС од 2000-та година, а зад себе има 5 самостојни изложби и голем број групни изложби и ликовни колонии.

OhridNews