На 23.12.2017 сабота во 18 часот во галеријата на спомен куќата на Ванѓел Коџоман во Струга се отвара самостојната изложба насловена Папата и новата кукла на ликовниот уметник Сашо Блажес. Изложбата ќе трае до 15 јануари 2018 година.

-Користејќи примери од историјата на уметноста, поп (шунд) културата на едни поранешни времиња, како и свои пријатели (и себе си), Блажес не само што допира до иронизирање на интимните психолошки доживувања, туку завлегува и во доменот на социјалната антропологија преку критички однос кон “иконите“ на масовната уметност и култура. Неговите „наративи“ се одраз на лицето и опачината на еден специфичен естетски формализам, но и своевидна пост-поп артистичка носталгична референца на одредени трагови и симболи од минатото. – вели Маја Чанкуловска Михајловска, кустос при Националната Галерија на Македонија.

OhridNews