Во рамки на програмата на „Научно и уметничката визита 2015“ на1-ви август со почеток во 20 часот во Куќата на Уранија во Охрид ќе биде отворена изложбата „Меѓу сонот и јавето“ на охриѓанецот Рубенс Наумовски. Љубителите на уметноста оваа изложбена поставка ќе може да ја рагледаат до 7-ми август 2015 година.

Според најавите, на 5-ти август ќе се одржи промоција на делото „Преспа II“ на академик Вера Битракова Грозданова. На 8-ми август 2015 годинаќе биде отворена изложба на Мирослав Масин, а на 15-ти август ќе се одржи промоција на делото „Курбиново“ од академик Цветан Грозданов.

OhridNews