Денеска од 19 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Димитар Миладинов, декан на Факултетот за ликовни уметнисти во Скопје.

Инаку, уметникот е роден е на 5-ти декември 1946 година во Саракиново, Воденско. 1972 година дипломирал на Одделот за сликарство на Академијата за ликовна уметност во Љубљана кај проф. Габриел Ступица. На истата академија 1975 година завршил постдипломски студии по графика кај проф. Марјан  Погачник. 1976/1977 специјализирал литографија на Е.Н.С. де Бозар во Париз кај проф. Жорж Дајез. Од 1977 до 1981 работел во Музејот на   современа уметност Скопје како ликовен соработник. Набргу по отворањето на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје тој се вработил како професор по графика, каде во моментов ја извршува фунцијата декан на факултетот.

Досега имал триесетина самостојни изложби, а учествовал на преку 200 групни изложби во Република Македонија и надвор од неа. Покрај тоа учествува на ликовни колонии и работилници дома и во странство. Во  2001  година под негово менторство се оддржа графичка работилница, посветена на техниката сува игла.

За својата уметничка и педагошка работа Малиданов има добиено високи награди и признанија. Добитник е на највисоката награда за уметност на Република Македонија, награда „11-ти Октомври“.

OhridNews