На изложбата во Музејот на Македонија ќе бидат претставени наградените фотографии од околу 40 земји, а меѓу нив и две фотографии на оваа тема од Македонија, од Милан Поп Стефанија од Охрид и Јосиф Анастасов и Јован Панајотов од Струмица.
„Европските денови на наследството“ се организираат од 1991 година на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка на Европската унија. Од 2005 година сите европски земји учествуваат во манифестацијата, чија цел е промоција и заштита на сопственото културно наследство кое е дел од наследството на континентот.