Во петок 28.07.2017, во галеријата во куќата на Робевци, во 20 часот ќе биде отворена изложбата Страст за носталгија на охридскиот уметник Сашо Блажес.

„Најновиот циклус слики на Сашо Блажес под наслов „Страст за носталгија“, изработени во последните неколку години (2015-2017) се состои од серија портрети кои навидум реферираат на класичниот поим и постапка во нивната изработка. Овие портрети на познати личности и блиски лица се впечатливи преку деконструкцијата на претставениот лик, деконструкција која може да се толкува како преобразување на фактичката појавност преку навлегување во структуралните седименти кои ја конструираат личноста. Самиот автор ја дефинира појавноста во своите претходни дела како „спомени“, „огледала на реалноста“, „наративи“, „различни реалности“, претставени преку комбинација на различни колористички апстрактни и/или фигуративни фрагменти.“ – вели ликовната критика.

Сашо Блажес е роден во Охрид во 1980 година. До сега учествувал на пет самостојни и на голем број групни изложби во земјава и светот.

OhridNews