Вечерва во 20 часот во просториите на Културно информативниот центар -Скопје, ќе биде отворена изложбата „Обоена колекција на радост“ на ликовниот уметник од Охрид Сашо Блажес. На изложбата ќе бидат прикажани најновите дела на авторот кои оваа година беа изложени во МАНУ – Куќата на Уранија во Охрид и на фестивалот Струшките вечери на поезијата.

Куратор на изложбата е м-р Мирко Вујисиќ, професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

-Сашо Блажес на оваа изложба постави дела кои со својата сликовна еманација се со нова, еволутивна подразбирлива изразност до колку се познаваат предходните фази и процеси во неговото уметникување. Првичната афирмација ја стекнува со графики и цртежи, колоритно изработени во комбинираните техники. Од нив се изчитува сложен, дескриптивен свет на алегорична и гротекстна симболика на ликови и фигури. Тие сценски раскази изработени со арабекстен ракопис јасно ги дефинираат внатрешните светови на фантазмот егзатно опишан да е секому поимлив, во секого присатен низ личните отелотворени сновидениа. – вели професорот Вујисиќ.

Изложбата ќе трае до 14.12.2019 и ќе биде отворена сите денови освен во недела.

OhridNews